ЕУ наскоро ќе расправа за барањето на Србија

Сеуште не се знае точниот датум, но набрзо Советот на министри на Европската Унија ќе го разгледува барањето на Србија за стекнување на кандидатски статус за членство ви ЕУ, соопшти потпаролот на шпанското претседателство Кристина Галах. Според неа тоа прашање на Шпанија и е приоритет и наскоро ќе се најде на дневен ред.