Обама ќе објави нови анти-терористички мерки


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе одржи состанок со првите луѓе на домашните безбедносните служби за да бидат утврдени нови анти-терористички мерки. Од божиќниот инцидент кога имаше обид за предизвикување екпслозија во американски авион, веќе се воведени некои мерки за поголема безбедност. Од вчера патниците од 14 земји, кои според Вашингтон имаат врски со тероризмот, се соочуваат со максимални контроли пред да влезат во авиони за Соединетите Држави. Меѓу тие држави се Јемен, Нигерија, Саудиска Арабија, Авганистан, Ирак и Иран.