Состанок кај Обама за безбедноста на авионските летови

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон ќе разговара со највисоките претставници на САД задолжени за националната безбедност, за безбедносните мерки по неуспешниот напад на авионот кој леташе на линијата Амстердам - Детроит за време на божикните празници. По инцидентот, во кој 23- годишен Нигериец се обиде да детонира експлозив, официјалните претставници веќе презедоа повеќе мерки за подобрување на безбедноста.