2 лица починаа од А Х1 Н1 во Македонија

Двајца пациенти на возраст од 45 и 42 години починале од грипот А Х1 Н1 во последново деноноќие на Клиниката за инфективни болести, соопшти министерството за здравство. Досега од грипот во Македонија починаа 23 луѓе. На Клиниките во Скопје во изминативе 24 часа се примени 10 нови пациенти со симптоми на грипот.