Предупредување до исламската група за маршот во Британија

Потпаролот на британскиот премиер Гордон Браун соопшти денеска дека маршот кој го планира исламистичката група може да биде неадекватен и навредлив кон семејствата на војниците. Групата Ислам за Британија планира да одржи марш во градот Вотон Басет, кој е познат по парадите за британските војници, кои загинаа во Авганистан. Лидерот на групата Анџем Шоурдари соопштил дека не се знае кога ќе биде маршот, но дека тој ќе биде посветен на сите луѓе кои загинале во Авганистан.