Вонреден самит на ЕУ посветен на економијата

Лидерите на Европската Унија ќе одржат вонреден самит на 11 февруари во Брисел на кој ќе разговараат за состојбата на економијата. Претседателот на унијата Херман Ван Ромпуј соопшти дека на 27 земји членки на ЕУ им е потребен поголем економски раст за да го зачуваат европскиот начин на живот.