Карзаи му нареди на парламентот да го одложи одморот

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи му нареди на парламентот да го одложи зимскиот одмор за да може законодавците да ја разгледаат новата листа на номинации за неговиот кабинет. Во саботата парламентот одби 17 од 24 кандидати на Карзаи, кој денеска соопшти дека новите номинации ќе бидат претставени за неколку дена и побара од парламентот до тогаш да ја продложи работата.