На опозициските протести во Иран уапсени странски државјани

Иранските власти соопштија денеска дека неколку странски државјани се уапсени за време на судирите меѓу безбедносните сили и опозициските демонстранти, минатиот месец. Според министерството за разузнавање тие влегле во земјата на 25 декември, два дена пред празнувањето на Ашура за да водатспецијална војна, против системот на земјата. Досега е потвредно само апсењето на еден сириски новинар, кој работел за телевизијата Дубаи.