Осудениот кинески дисидент Џијаобо поднесе жалба до судот

Кинескиот десидент Лиу Џијаобо кој беше осуден на 11 години затвор, поради поттикнување за уривање на државниот поредок на 29 декември поднел жалба до Врховниот суд во Пекинг за неговата одлука. Западните земји и меѓународните организации за човекови права претходно упатија критики до Кина за неговото апсење и бараа тој да биде ослободен.