Испораката на нафта за Европа се одвива нормално

Белоруската државна нафтена компанија соопшти дека руската нафта денеска нормално, преку Белорусија, се транспортира до земјите на Европската унија и покрај нерешениот спор меѓу двете земји околу цената. Русија ја запре испораката со нафта на рафинериите во Белорусија поради спорот со цената на горивото. Русија бара од Белорусија да плаќа данок на нафтата што нејзините рафинерии ја извезуваат во западна Европа. Поради спорот пораснаа и цените на нафтата во светот. Барел сурова нафта што треба да се испорача во идниот месец чини над 80 долари.