Македонска владина делегација во посета на Израел

Македонска владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска престојува во тридневна посета на Израел. Во делегацијата се и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. За време на посетата ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија, а ќе биде основана и Стопанска комора Израел, Македонија. Утре, премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот на Израел Шимон Перес, министерот за надворешни работи Авигдор Либерман и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.