Србија ќе поднесе тужба против Хрватска за геноцид

Србија денеска пред меѓунардониот суд за правда во Хаг ќе поднесе тужба против Хрватска, за геноцид над Србите за време на војната од 1991 до 1995-та, јавила Радителевизија Србија, пренесува агенцијата Бета. Според РТС , тужбата ќе ја поднесе овластениот правен застапник. Хрватска ја тужеше Србија за геноцид пред 10 години.