Временска прогноза-денеска ќе биде студено

Времето денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот од запад ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за слаб локален снег.Утринските температури се движат од минус 12 до минус 4, а дневните од минус 4 до 3 степени. Во Скопје слично време со температура до еден степен.