Критиките на Чејни за безбедноста на САД не се точни, тврди Бренан

Џон Бренан од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама соопшти денеска дека поранешниот заменик претседател Дик Чејни намерно погрешно ја толкува стратегијата за борбата против тероризмот на Обама и ги игнорира фактите кога упатува критики до Белата Kуќа. Бренан досега работел во пет администрации и смета дека Обама е најодлучен да ја одржи безбедноста на нацијата. Минатата недела Чејни изјави дека Обама се однесува како САД да не е во војна со терористите, а според Чејни тоа значи дека америкаците се помалку безбедни.