Засилени безбедносни мерки на аеродромите во Британија

Британските аеродроми ќе воведат скенери за целосен преглед на телото на патниците за да ја зголемат безбедноста на аеродромите во земјата. Според британскиот премиер Гордон Браун одлука е донесена поради обидот да се изврши терористички напад на американски авион за време на Божиќ. Тој смета дека мора да се одговори на ваков начин бидејќи припадниците на Ал Каеда користат нови видови на оружје. Новите скенери веќе се воведени на аеродромот Хитроу и Манчестер.