Нови 16 пациенти со симптоми на А Х1 Н1 во Македонија

Во изминативе 24 часа во Македонија се хоспитализирани 16 нови пациенти со сиптоми на А Х1 Н1. На Клиниката за инфективни болести има 5 нови пациенти, а во Воената Болница се хоспитализирани двајца. На Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата се примени 9 деца со симптоми на грипот.