30 жртви поради ладното време во Индија

Во изминативе 24 часа во северниот дел на Индија најмалку 30 луѓе настрадале од ладното време или во инциденти предизвикани од маглата и лошите временски услови. Во железничка несреќа, поради густата магла вчера загинаа 10 луѓе, а 47 се повредени. Во други области на Индија, меѓу кои и Њу Делхи авионските летови или се откажани или одложени, а поради лошата видливост и железничкиот собраќај не функционира.