Вонредна состојба во Скадар поради поплавите од дождот

Албанскиот премиер Сали Бериша денеска прогласи вонредна состојба во Скадар, поради поплавите од поројните дождови и нареди евакуација на населението од најзагрозените делови на регионот. Тој ги посетил селата кои беа поплавени од плимата на Јадранското море и неколку хидроелектрани што се наоѓале во близина.