11 полицајци убиени во акција против трговците со дрога во Иран

Во судир на иранските безбедносни сили и трговците со дрога во близина на границата со Авганистан животот го загубија 11 полицајци. Во престрелката загинале и 4 осомничени за трговија со дрога. Над 3600 полицајци и војници од Иран се убиени во поледниве 20 години во обидот на властите да ја спречат трговијата со дрога во земјата.