Британија и САД ќе се борат против терористите во Јемен

Британскиот премиер Гордон Браун и американскиот претседател Барак Обама се договорија да финансираат специјална контратерористичка полициска единица во Јемен, која ќе се бори со припадниците на Ал Каеда на Арпаскиот полуостров. Инцијативата е по обидот на еден нигериец да изврши терористички напад на американски авион и кој на истражителите им соопшти дека бил трениран од Ал Каеда во Јемен. Британија и САД се договорија и да ја зголемат подршката на крајбрежната стража во земјата за да ги запрат пиратите, кои работат во водите меѓу Јемен и Сомалија.