Нови 14 пациенти сомнителни на А Х1 Н1 во Македонија

Во изминативе 24 часа во Македонија се хоспитализирани 14 нови пациенти со сиптоми на А Х1 Н1. На Клиниката за ифективни болести има двајца нови пациенти, а на Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања кај децата се примени 12 деца со симптоми на грипот.