95 загинати при нападот на одбојкарскиот турнир во Пакистан

Според последниот биланс, 95 лица загинаа на турнирот на одбојка во Лаки Марват во Пакистан кога бомбаш самоубиец изврши напад со камион наполнет со експлозив. Станува збор за најсмртоносен напад во поновата историја на Пакистан.