Речиси 10 процентен пад на индустриското производство во Македонија

Индустриското производство во Република Македонија во 2009 година бележи пад од 9,7 отсто во однос на лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалувањето е резултат на негативните движења на индустриското производство во одделите кои во структурата на индустриското производство учествуваат со 69,2 отсто.
Тоа се производството на прехранбени производи и пијалоци, на тутунски производи и ферментација на тутун, на облека, доработка и боење на крзно, на кокс, деривати на нафта и нуклеарно гориво, на хемикалии и хемиски производи, на производи од гума и производи од пластични маси, како и на производи од други неметални минерали, на основни метали, на машини и уреди, на електрични машини и апарати, и на мебел и други разновидни производи.