Литванија ќе ја затвори нуклеарната централа

Нуклеарната централа Игналија во Литванија ќе биде затворена неколку минути пред полноќ односно пред дочекот на новата година. Центалата до сега снабдувала 70 проценти од енергијата во Литванија. Европската унија побара од Литванија да ја затвори оваа центарала од безбедносни причини. Реакторот е од истиот тип како тој во Чернобил каде се случи најголемата нуклеарна катастрофа во 1986тата година. Проблем со кој може да се соочи сега Литванија е недостиг на електрична енергија кога домашната економијата е многу погодена од рецесијата предупредуваат анлитичарите.