Авганистан започна истрага за 10 луѓе убиени од странски сили

Авганистанските власти започнаа истрага за смртта на 10 луѓе, меѓу кои и 8 ученици, кои беа земени од нивните домови и убиени од страна на странските сили во покраината Кунар, соопшти кабинетот на претседателот Хамид Карзаи. Официјалните лица од НАТО претходно ијавија дека војниците кои учествувале во нападот соопштиле дека жртвите биле бунтовници.