Стотици опозиционери во Иран остануваат во затвор

Иранската полиција соопшти дека сеуште се во затвор околу 300 лица од уапсените 500 за време на анти-владините протести во почетокот на неделава. Шефот на полицијата Ахмади Мохадам додаде дека и другите ирански безбедносни сили имаат уапсено одреден број луѓе, не прецизирајки колку.