Германците ќе потрошат над 100 милиони евра за огномети

Германците за дочекот на Новата Година ќе потрошат над 100 милиони евра за уличните огномети, проценува германското здружение за пиротехничка индустрија. Според ова здружение, во време на криза германците сакаат да прославуваат за да ги заборават секојдневните грижи. Ракетите за мали улични огномети во Германија се продаваат само три дена пред новогодишните празници и на лица постари од 18 години. Во западна Европа е стара традиција преминот од старата во новата година да се прославува бучно и со палење огнови за да се растераат злите духови.