Шпанија ги зголеми безбедносните мерки пред претседавањето во ЕУ

Министерството за надворешни работи на Шпанија ги подигна на повисоко ниво безбедносните и антитерористичките мерки, пред преземањето на претседавањето во Европската Унија. Во соопштението од министерството се вели дека мерките се подигнати на средно ниво и се предупредува на можноста од напади на баскиската сепаратистичка организација ЕТА. При тоа е земен предвид и обидот за терористички напад во авионот на релација Амстердам- Детроит. Шпанија го презема шестмесечното претседавањето на Европската Унија од Шведска в петок, 1 јануари.