Прогноза за времето- сончево со магла во котлините

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од минус три до три, а дневната ќе биде од осум до 14 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 10 степени.