САД требале да ги предупредат другите земји за Абдуламуталаб

Јеменското министерство за информации соопшти денеска дека САД требале да ги предупредат другите земји дека името на Фарук Абдуламуталаб се наоѓа на безбедносната набљудувачка листа. Нигериецот во петокот се обиде да изврши терористички напад врз авионот кој летал од Амстердам кон Детроит. Министерството потврди дека тој престојувал неодамна во Јемен.