Средба на Нетанјаху и Мубарак во Египет

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху денеска се сретна со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Каиро, по барањето на САД да продолжат мировните преговори на Блискиот Исток. Според кабинетот на Нетанјаху разговорите биле суштински и пријателски. Мировните преговори меѓу Израел и Палестина се стопирани, поради несогласувањата за изградбата на израелски населби на Западниот Брег.