Лукоил ќе експлоатира нафтено поле во Ирак

Руската приватна фирма за нафта Лукоил потпиша прелиминарен 20 годишен договор со Ирак експлоатација на нафтено поле во земјата. Лукоил заедно со норвешката компанија ја достави понудата на почетокот на месецов на најголемата поствоена аукција за нафта во Ирак. Договорот треба да биде одобрен од ирачкиот кабинет. Лукоил го доби правото да го користи полето во 1997 година од Садам Хусеин, но поранешниот лидер на земјата го поништи договорот во 2002 година.