Ирак: парични награди за информации за напади

Претставник на ирачката армија соопшти дека еден човек бил награден со 85 илјади долари затоа што ги информирал безбедносните сили за планиран напад со автомобил бомба во Багдад. Ирачката влада реши парично да ги наградува сите оние што ќе даваат информации за сомнителни активности со цел да ја зајкне безбедноста во земјата.