Собранието на РС ги отфрли одлуките на високиот претставник во БиХ

Народното собрание на Република Српска синоќа ги отфрли одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко за продолжување на мандатот на странските судии и обвинители во БиХ. Собранието ги прифати заклучоците на владата на Република Српска за овие решенија на Инцко да се распише референдум. Претходно за тоа, како што е наведено, треба да биде донесен нов закон за референдум. Премиерот на Република Срспка Милорад Додик изјави дека реферндумот би можело да се одржи во март идната година.