Почина рускиот композитор Шварц

Рускиот композитор Исак Шварц почина на 86 годишна возраст во неговиот дом во близината на Санкт Петесбург, а причината за неговата смрт сеуште не е позната. Шварц беше познат по неговите композиции за најпопуларните филмови за време на советската ера. Тој ја започнал кариерата во 1950 година и се прославил со романтичните мелодии за филмот Белото сонце на пустината од 1969 година и Занесната звезда на среќата од 1975.