Убиен новинар во Казакстан

Казакстанската полиција соопшти дека еден новинар која работел за независен интернет портал од Централна Азија бил убиен во Алмати од непознат напаѓач. Телото на Сајат Шулембајев е пронајдено во станот каде што живеел, а притоа бил убиен и неговиот сопственик. Убиството на новинарот не е поврзано со неговата работа според сопственикот на веб порталот Михаил Пак. Пред два дена беше убиен и еден опозициски новинар во истиот град.