Русија со нестандардни методи ќе го решава спорот со Јапонија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека земјата ќе размисли за нестандардни методи за да пронајде решение за територијалниот децениски спор со Јапонија за четирите острови, по средбата со неговиот јапонски колега Катцуја Окада. Русија ги освои островите на крајот на Втората Светска Војна, а Јапонија тврди дека се нејзини. Поради спорот двете земји неможат да потпишат договор со кој формално би се ставил крај на војната.