25 мртви во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 25 луѓе го загубија животот во експлозија на бомба за време на шиитска церемонија во градот Караши во Пакистан. Бомбата експлодирала на крајот на празнувањето на Ашура-шиитски верски ритуал во чест на внукот на пророкот Мухамед. Пакистан распореди илјадници полицајци и војници за да ги заштитат шиитските свештеници од напади за време на празникот.