ОН бара Тајланд да ја прекине депортацијата на племето Хмонг

Високиот Комесаријат на ОН за беглаци побара од властите во Тајланд да престанат со депортацијата на илјадниците припадниците на племето Хмонг во Лаос. Тајландската војска денеска започнала да ги депортира 4000 бегалци, бидејќи според нив тие се илегално во земјата. Но според ОН, САД и ЕУ, како и групите за човекови права некои од припадниците на Хмонг може да добијат формален статус на беглаци. Племето Хмонг смета дека е прогонето во комунистичката земја Лаос, поради неговата подршка на САД за време на војната во Виетнам.