Германија го осуди насилството врз демонстрантите во Иран

Германија судирите во Иран ги осуди како брутална реакција на безбедносните сили врз опозициските демонстранти. Греманскотот министерството за надворешни работи го повика Техеран да го запре насилството и го предупреди дека меѓународната заедница нема да го толерира. Вчера и САД, Италија и Франција го осудија насилствотот во Иран, каде животот го загубија најмалку 8 луѓе.