65 години „Зборуе Радио Скопје“

На 28 декември 1944 година по првпат низ етерот прозвуче легендарното „Зборуе Радио Скопје, зборуе Скопје” на првиот директор, новинар и репортер на овој денеска респективен медиум, Владо Малески - Тале во директниот пренос на историското Второ заседание на АСНОМ. Точно еден месец по тоа, на 28 јануари 1945 година започна и редовната програма на Радио Скопје со првата емисија вести на македонски јазик, а потоа и на албански и на турски јазик.
Македонското радио одигра водечка улога во процесите на демократизација на Македонија а и денеска има значајна улога во медиумскиот простор.