Нигериец предизвикал паника во авион на линијата Амстердам- Детроит

Еден патник од Нигерија предизвика паника во авионот на истата линија Амстердам – Детроит, на која пред два дена имало обид за терористички напад. Патникот бил приведен откако предизвикал вознемиреност со своите вербални напади во авионот, но истрагата покажала дека станува збор за бизнисмен кој се разболел во текот на летот и не претставува безбедносен ризик. Портпаролот на аеродромот во Детроит изјавил дека станува збор за истиот лет од Амстердам кон Детроит на кој на Божик Умар Фарук Абдулмуталаб од Нигерија се обидел да активира експлозив.