Во Израел годинава се доселиле 16 илјади Евреи

Израелските власти соопштија дека 16 000 Евреи се доселиле во оваа земја во текот на 2009 година, што е прво зголемување на годишниот број на доселени по десет години. Во 2008 година таа бројка изнесувала 14 000. Во соопштението се наведува дека годинава 7120 имигранти се доселиле од земјите на поранешниот Советски Сојуз, а 5300 од англиското говорно подрачје. Исто така се наведува и дека во текот на изминатата деценија вкупно 221 000 Евреи имигрирале во Израел. Израел автоматски им дава државјанство на Евреите што ќе се доселат.