5 мртви во напад на шиитска џамија во Пакистан

Во самоубиствен напад пред една шиитска џамија во покраината Кашмир во Пакистан животот го загубија најмалку 5 лица, а 81 се повредени за време на обележувањето на празникот Ашура во чест на внукот на пророкот Мухамед. Двајца од загинатите се цивили, а тројца полицајци. Шиитите сочинуваат 20 проценти од популацијата во Пакистан, која изнесува 167 милиони жители.