Ердоган-нема тензија меѓу власта и армијата

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска негираше дека има тензија меѓу власта и армијата. Според премиерот никој нема да има корист ако имаат проблеми институциите во земјата и никој нема право да го нарушува мирот со шпекулации. Денеска два пати биле претресени вооружените сили по налог на Државното обвинителство, поради вчерашното апсење на 8 воени лица кои се обвинетите дека подготвувале атентат врз вицепремиерот Булент Аранч.