1 година од нападот на Израел врз Газа

Во појасот Газа денеска се одбележува годишнината од стартот на смртоносната офанзива на Израел врз регионот кој го контролира екстремистичката група Хамас. Сирените на палестинската територија се огласија во истото време кога Израел го започнал воздушниот напад минатата година со цел да се запрат ракетните напади на израелските градови од таа област. Околу 1200 Палестинци и 13 Израелци загинаа во војната која траеше 22 дена.