4 мртви во бомбашки напад во Ирак

Во бомбашки напад во Ирак најмалку 4 лица го загубија својот живот, а 15 се повредени, во северниот дел на земјата во градот Туз Кормато. Целта на нападот биле шиитските свештеници кои го прославуваат празникот Ашура-верски ритуал во чест на внукот на пророкот Мухамед, кој бил убиен во 7 век. Безбедносните сили најмногу се распоредени во градот Кербала, каде починал внукот на Мухамед и каде илјадници свештеници се собраа да го прослават денот.