Судир на полицијата со Курдите на протестите во Турција

Турската полиција денеска се судрила со курдските демонстранти за време на протестите против апсењето на Курдите, обвинети за соработка со Курдската работничка партија. Немирите се случиле во градовите Јуксекова и Џизре во близината на границата со Ирак, кои се населени претежно со Курди. Турските власти вчера покренаа обвинение против обвинетите 23 Курди, меѓу кои се и 7 градоначалници.