8 лица уапсени за подготовка на атентат врз турскиот вицепремиер

Во Турција денеска се уапсени осум воени лица кои се осомничени дека подготвувале атентат врз вицепремиерот Булент Аранч, соопшти генерал штабот на турската армија. Според поранешниот шеф на турската разузнавачка служба апсењето претставува војна за надмоќ на воената, полициската и националната разузнавачка служба.