3 нови жртви од несреќата на мостот во Индија

Индиската полиција соопшти дека спасувачите денеска нашле три тела на местото каде што се сруши еден мост во западниот дел на Индија и тие трагаат по телата на уште 40 луѓе исчезнати во несреќата. Со тоа бројката на жртви се искачи на 11 од четвртокот кога конструкцијата на мостот долг сто метри се сруши врз Шамбаи реката во близина на градот Кота. Сите жртви се работници кои работеле на мостот. Над 500 полицајци, војници и спасувачи се вклучени во спасувачката операција.